Како голем увозник Македонија ќе ја дели судбината со светот

Bez autora
Aug 16 2012

До каде можат да одат цените на храната? Ова прашење не си го поставуваат само македонските граѓани, туку целиот свет. Ново поскапување на животните намирници, вклучувајќи ги основните, поради кризата, дополнета од сушата што зафати голем дел од светот, е речиси неизбежно. Паниката оди до таму што, како што јавува Фајненшл Тајмсс повикувајќи се на анонимни извори, групата на 20 најмоќни економии во светот закажува вонредна седница на која ќе се координираат мерките за сузбивање на наглиот раст на цените на храната. Според британскиот весник претставниците на овие држави следната недела ќе имаат телефонска конференција на која ќе разговараат за агендата на тој состанок, кој би требало да се одржи на крајот на август или почетокот на септември...

Како голем увозник Македонија ќе ја дели судбината со светотДо каде можат да одат цените на храната? Ова прашење не си го поставуваат само македонските граѓани, туку целиот свет. Ново поскапување на животните намирници, вклучувајќи ги основните, поради кризата, дополнета од сушата што зафати голем дел од светот, е речиси неизбежно.

Паниката оди до таму што, како што јавува Фајненшл Тајмсс повикувајќи се на анонимни извори, групата на 20 најмоќни економии во светот закажува вонредна седница на која ќе се координираат мерките за сузбивање на наглиот раст на цените на храната.

Според британскиот весник претставниците на овие држави следната недела ќе имаат телефонска конференција на која ќе разговараат за агендата на тој состанок, кој би требало да се одржи на крајот на август или почетокот на септември.

Алармот е вклучен откако по мајскиот оптимизам со падот и стабилизирањето, цените на храната повторно почнаа вртоглаво да растат. Цената на пченицата во петокот на чикашката берза достигна рекордно ниво, како резултат на тоа што американското министерство за земјоделство ги намали прогнозите за производство за 17 отсто, дополнително предупредувајќи дека светот се наоѓа на работ на нова прехранбена криза, слична на таа во 2008 година.

Состанокот на Г-20 ќе биде прв собир на Форумот за брза реакција на кризата, новосоздадено тело, што треба да ја прецизира рамката на делување на лидерите на овие држави во невообичаени текови на меѓународните пазари. Форумот е составен дел од Советот за размена на информации за пазарите на земјоделски производи, кој лани е составен во рамките на Г-20, на иницијатива на Франција.

Македонија е голем увозник на храна, па ваквите вести може да ги чита и како опасност од нови поскапувањана свој терен. Во последните неколку години храната е драстично поскапена, а одредени продукти, пред се увозните, се купуваат и за двојно повисоки цени. Засега се огласија само мелничарите, кои најавија поскапување на лебот за десет проценти од септември, наспроти владините напори основниот животен продукт да си ја задржи цената преку интервенции со пченица од државните резерви. Истиот проблем ги мачи и земјите од регионот, особено Србија, чии житници ги изгоре сушата.

Аналитичарите велат дека реално е да се очекува бран на поскапувања од следниот месец, кога ќе се потрошат залихите и ќе се покаже ефектот на поскапените струја и нафтени деривати. Поради тоа постои опасност од повисоки цени и на домашното производство, додека пак за она што се увезува ќе се дели судбината со остатокот од светот.

Македонија увезува над 20 битни животни продукти, како месо, живина, шеќер, брашно, млеко, сурово масло за јадење, но и производи како што е кечапот, за кои има услови да ги произведува дома. Според најновиот извештај на Државниот завод за статистика - ДЗС, за увоз на храна и живи животни во првите шест месеци од годинава државата потрошила 325 милиони долари. Тоа е за скоро 4% повеќе отколку лани во истиот период. Увозот на храна учествува со повеќе од 10% во вкупниот увоз. Податоците на ДЗС посочуваат дека трошоците за увозна храна се се поголеми. Во цела 2011 година на увоз на прехранбени продукти биле потрошени 672 милиона долари, што е за 20,4 насто повеќе отколку во 2010 година. Економските експерти укажуваат на тоа дека земјите увознички имаат повисоки цени, зашто заедно со производите ја увезуваат и инфлацијата на земјите во кои се создадени, а крајната цена ја надградуваат и трошоците за царина, транспорт и слично. 

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik